Популарниот македонски поп-пејач Влатко Лозаноски, минатата година на 18 октомври стана татко за првпат. Тој и неговата партнерка му посакаа добредојде на својот син Марко. Препорачано Тие го чуваа во тајност раѓањето на бебето, а и месеци подоцна Лозано не објави ниту една фотографија од своето семејство и приновата, ниту зборуваше на оваа тема. Една година подоцна, пејачот одлучи да сподели дел од својот приватен живот и на социјалните мрежи ...
Влатко Лозаноски го чува личниот живот далеку од очите на јавноста и ретко открива детали од неговата приватност. Досега, 40-годишниот пејач го немаше покажано лицето на синчето Марко, но сега одлучи да сподели преслатки фотографии од роденденот и крштевката во Марков Манастир. Марко пред три дена наполни една година. „(18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“ – напиша Лозано во описот. ...

