Манчестер сити и Премиер лигата постигнаа договор околу правилата што лигата ги воведе за спонзорските и рекламните договори. Овој случај нема врска со тековните обвиненија против Граѓаните за прекршување на финансиските прописи, за кои сè уште се чека конечна одлука. Сити поднесе тужба против правилото за „трансакции меѓу поврзани страни“, кое беше воведено во декември 2021 година, откако претходно истата година Њукасл беше купен од конзорциум ...

Во прилично кратко соопштение за јавноста, англискиот фудбалски клуб Манчестер сити изјави дека нема да коментира понатаму на оваа тема и дека „постапката е прекината“. Препорачано Од Манчестер сити се огласија по повод тужбата што се водеше против нив со месеци за кршење на разни правила, првенствено во областа на финансискиот фер-плеј. – Премиер лигата и Манчестер Сити постигнаа договор во врска со арбитражата што ја иницираше клубот ...