„Граѓаните за утре најавија бојкот на сите маркети, додека оние кои денеска ги анкетиравме велат дека се за овој бојкот, а други велат дека не треба ни да бојкотираат бидејќи веќе е крајот на месецот и нема што да трошат“, пренесува репортерот на Алсат. „Можеби ништо нема да се постигне, но тоа ќе биде предупредување и за владата и за трговците. Добро е што е на ниво на поранешна Југославија и зошто да не учествуваме и ние, да бојкотираме на ...

По примерот на другите држави од регионот Адрија, македонските граѓани преку социјалните мрежи неформално се организираа денес да ги бојкотираат големите синџири на маркети. Под паролата „Попусто попусти за исти цени“ повикот за бојкот вирално се ширеше преку социјалните мрежи. Иако никој официјално не стои зад организирањето на бојкотот, сепак поддршката во јавноста е голема. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на ...