Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација за три области, објавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во земјоделско-шумска површина, а на местото на пожарот биле распоредени 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“. „Доколку сте во областите Каравадос , Дорисата и Керамис , ...

Јужниот дел на Албанија вчера го зафати пожар од големи размери. Во општината Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”. Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации на жителите беа спроведени во Ливина и Ардасово. Високите температури и силниот ветер уште повеќе ги шират пламените ...