Швајцарската компанија за чоколади и кондиторски производи Lindt и оваа година ќе ги зголеми цените на своите производи, изјави денеска нејзиниот главен финансиски директор, Мартин Хуг. Тој предупреди дека зголемувањето на цените на производите на Lindt, пред се чоколадото, во 2025 година ќе биде двоцифрено бидејќи компанијата треба да компензира за високите цени на какаото на светските пазари, пренесува Reuters. Lindt минатата година ги зголеми ...

Минатата година Lindt ги зголеми цените за 6,3 проценти, но тоа не беше доволно за да се надоместат растечките трошоци за суровини, нагласи Хуг. „Чоколадата во иднина ќе биде поскапа отколку што беше пред две или три години. Не само чоколадата на Lindt, туку чоколадата воопшто“, изјави тој. Компанијата денес ги објави своите финансиски резултати за 2024 година, при што забележала силен органски раст на приходите од 7,8 проценти, достигнувајќи ...