Задутре ќе профункционира новиот систем за влез и излез од Европската унија. При вашето прво патување, кога ќе пристигнете на аеродром или граничен премин во Шенген зоната, ќе треба да пополните документ со лични податоци. Граничната полиција ќе ви земе отпечатоци од прсти и ќе ви го фотографира лицето. При повторно патување, системот ќе ве препознае и автоматски ќе знае кога сте влегле и излегле од Шенген и дали е пречекорен дозволениот престој ...

Европската унија воведе нов систем за гранична контрола за граѓаните на земјите надвор од Шенген зоната кој почнува да се применува од денеска. Ова е почеток на Системот за влез/излез (EES) на Европската Унија, кој дигитално ги евидентира податоците за влезот и излезот на таканаречените државјани на трети земји и го заменува претходното рачно ставање печат на пасошите. Системот се воведува во сите Шенген земји, како и во Исланд, Лихтенштајн, ...