Фудбалерот на Рома, Еван Ндика ја напушти болницата во Удине откако колабираше на терен за време на дуелот во Серија А, соопштија од „римската волчица“. Ндика по колабирањето на терен веднаш беше префрлен во болница, а по деталните испитувања, за среќа, беше потврдено дека не доживеал срцев удар. Синоќа беше пуштен и од болницата. „Првото и второ ниво на кардиолошки прегледи не открија никаква срцева патологија. Новите прегледи ќе бидат ...

Одлични вести соопшти фудбалскиот клуб Рома, а поврзани со состојбата на дефанзивецот Еван Ндика. Тој за време на натпреварот против Удинезе во 70 минута падна на тревникот и сите се преплашија од најцрното сценарио. Сепак, докторите утврдија дека не се работеше за срцев удар и состојбата на фудбалерот набргу се стабилизира. Дополнителните испитувања ќе бидат направени во текот на следниот период, ама одлична вест е дека Ндика нема срцев проблем ...