Одлични вести од Рим: Ндика ја напушти болницата

Фудбалерот на Рома, Еван Ндика ја напушти болницата во Удине откако колабираше на терен за време на дуелот во Серија А, соопштија од „римската волчица“.

Ндика по колабирањето на терен веднаш беше префрлен во болница, а по деталните испитувања, за среќа, беше потврдено дека не доживеал срцев удар. Синоќа беше пуштен и од болницата.

„Првото и второ ниво на кардиолошки прегледи не открија никаква срцева патологија. Новите прегледи ќе бидат направени во Рим“ – информираа од Рома.

По разговорот на тренерите на двете екипи и судијата, беше одлучено мечот да биде прекинат во 70. минута бидејќи играчите на Рома не беа способни да продолжат со натпреварот. Мечот беше прекинат при 1-1, а таа одлука беше поздравена со аплаузи од присутните навивачи.

Се вчитува...