Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници, поради новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други измени, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Минатата недела АДЕДИ повика на штрајк со барања за враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на платите, потпишување колективни договори во јавниот ...

Грчките бродови останаа во пристаништето, а железничкиот сообраќај беше запрен откако работниците утрово ја напуштија работата во знак на протест против планираните реформи во законот за труд, кои вклучуваат продолжување на работното време на 13 часа во приватниот сектор. Штрајкот го организира Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), а се очекува да му се приклучат болничките лекари и новинарите од јавните медиуми. Вработените ...