Инспекторите кај 15 оператори утврдиле дека има незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 била најдена храна со поминат рок на употреба, а кај пет имало храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана За два дена од оваа недела инспекциските служби од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извршиле 124 вонредни контроли кај големите синџири маркети и биле изречени 29 парични казни во вкупна вредност од 82 ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо. Кај 15 оператори се ...