Пред Железничката станица во Нови Сад, каде пред точно три месеци се случи пад на натстрешница и загинаа 15 лица, голем број граѓани денеска им одадоа почит на загинатите, полагајќи венци и цвеќе, а во 11:52 започна и петнаесетминутната тишина. Меѓу присутните беа и студентите кои пешки дојдоа од Белград за денешната блокада на трите новосадски мостови, како и неколку десетици ветерани од 63. Падобранска бригада. Поголемиот дел од студентите кои ...

Три месеци по загинувањето на 15 лица пред железничката станица во Нови Сад денеска во овој град ќе бидат одбележани со голем граѓански собир и блокада на три новосадски моста организирани од студенти. Студентите ги поканија граѓаните на блокади на клучните мостови во градот – Варадински, Жежеље и Мостот на слободата, што ќе почнат во 15 часот, со цел симболично, како што наведоа, да го изразат своето незадоволство што и по три месеци од ...