Државните институции во 2023 и 2024 година потрошиле вкупно 8,5 милиони евра за набавка на нови патнички возила, дел купени, а дел земени на лизинг, покажува најновата анализа за јавните набавки на на Центарот за граѓански комуникации. Според податоците, Владата на лизинг набавила 45 возила за сегашните функционери, како и за поранешните премиери и претседатели, при што секое од нив чинело по 50.000 евра. Најскапото возило е набавено од ...

Само во последните две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле 269 нови патнички возила и за нив потрошиле 8,54 мииони евра, покажува истражувањето на јавните набавки на државните институции на Центарот за граѓански комуникации. Дел од институциите ги купиле возилата, а друг дел ги набавиле на лизинг, најчесто оперативен, што значи дека по истекот на периодот на лизингот треба да ги вратат, иако за возилата плаќаат како да ги купиле. ...