Куманово е многу блиску до пласман во полуфиналето од кошаркарскиот плејоф откако избраниците на Марин Докузовски поведоа со 2-0 во серијата со Кожув, славејќи на денешниот втор дуел со убедливи 90-72. Кумановци демонстрираа целосна кошаркарска надмоќ во однос на противникот, Кожув повторно беше далеку од посакуваниот ритам, па „пулените“ на Докузовски се на чекор до полуфинале, каде најверојатно ќе ги очекуваат пресметки со шампионот МЗТ ...
Кошаркарите на Куманово и вторпат го одбранија домашниот терен, па со победа од 90-72 над Кожув се на чекор од полуфиналето во плеј-офот на Првата македонска лига. Избраниците на Марин Докузовски пред својата публика во Куманово стигнаа до висок триумф над ривалот од Гевгелија пред серијата да се пресели во овој град. Уште од стартот кумановци се наметнаа, тргнаа фуриозно и направија предност од 12-2. Имаше домаќинот највисоки „плус 14“ во ...