Заврши првиот дел од “Дербито на Македонија“ во Битола меѓу Пелистер и Вардар и тоа со резултат 1:1. Домашните поведоа со голот на Керим во 10.минута, за да Вардар израмни преку Закариќ со гол од пенал во таа 19.минута. Во 29.минута Пелистер имаше шанса за ново водство, но ударот на Мирко Ивановски заврши во пречката на гостите. Истиот играч имаше и зицер во 39.минута, но сега Талески ја спречи радоста на домашните. Да кажеме и тоа дека Закариќ ...

Вардар со 3:1 го победи Пелистер во Битола, а по завршувањето на дуелот, домаќините реагираа на судењето. Преку соопштение, од Пелистер потенцираа дека биле оштетени во дуелот со Вардар, но очигледно е дека битолчани немаат многу основа да се бунат. На почетокот на второто полувреме имаше многу спорна ситуација во шеснаесетникот на домаќините. Дарко Сековски шутираше, а еден играч на Пелистер во обид да блокира, со рака ја “одбрани” топката да ...