Родителите чии деца со попреченост одат во средно, кое е задолжително, мака мачат со обезбедувањето образовни асистенти. Од МОН велат дека проблемот ќе се реши со новиот Закон за средно образование, кој никој не знае кога ќе биде донесен. Во меѓувреме, цели генерации се борат со системот. И оваа година 1 септември беше проблем за многу родители чии деца со атипичен развој требаше да тргнат во средно училиште. Од МОН засега немаат податоци за тоа ...
Како грутка во грлово деновиве ми стои фактот што и оваа учебна година нема државна помош во вид на образовен асистент за средношколците со атипичен развој. Почна 1 септември, тргнаа во школо, а најавуваниот Закон за средно образование уште не е донесен. Абер нема од негово носење, не се знае кога?! Со тоа, родители се оставени на цедило, да се снаоѓаат како знаат и умеат, и со пари, и со работа, и со време, и со своето физичко и ментално ...