Абдукодир Хусанов стана првиот Узбекистанец во историјата кој заиграл во Премиер лигата, а бидејќи доби статус на голема ѕвезда уште на 20 години, сега ужива посебни привилегии и во својата родна земја. Хусанов направи трансфер во актуелниот англиски шампион за сума од 40 милиони евра и со своето залагање експресно ги освои симпатиите на Пеп Гвардиола, но дефинитивно исклучително ценет е и во Узбекистан, каде сега бил пречекан со сите почести. ...
Фудбалерот на Манчестер Сити, Абдукодир Хусанов се врати првпат да заигра за родната земја по трансферот во Премиер лигата. Тој стана прв Узбекистанец во англиската елита, а 21-годишникот при враќањето дома доби големо изненадување. Фудбалскиот сојуз на Узбекистан имаше подготвен подарок за Хусанов и тоа скап и преубав. Асот на Манчестер Сити доби на подарок автомобил од марката Мерцедес и тоа Г-класа. Цената на овој автомобил е од 160.000 евра ...