Фудбалската репрезентација на Македонија одолеа против Белгија (0-0) и ја продолжи импресивната низа на официјалните натпревари, на кои нашиот национален тим долго време е без пораз. Скоро две години немаме пораз во официјалните дуели. Последниот ни е во 2023 година, во квалификациите за Европското првенство против Италија, од која нашиот национален тим загуби со 2-5 во Торино. Оттогаш, имаме серија од осум победи и пет нерешени средби. Дуелите ...

Овие 0:0 во Гент и тоа како силно ќе одекнат во светот на фудбалот. Македонија и во 13 меч во низа е без пораз, Македонија и по шестото коло во групата Ј е без пораз и што е уште поважно Македонија и натаму е лидер на табелата. Во право е Зајков, вечерва нашите фудбалери просто изгинаа на теренот. Одиграа за себе, за Македонија, за сите нас. Македонија знаеше што сака, а по мечот, по тие 0:0 нашите ЈУНАЦИ им се заблагодарија на повеќе од 1.000 ...