„Корнерот од Енфилд Роуд“ е ситуација кога ги прогонува навивачите на Барселона веќе неколку години во Лигата на шампиони, акција во која во главна улога беа Трент Александер Арнолд и Дивок Ориги. Такво нешто навистина многу ретко се гледа на највисоко фудбалско ниво, но оваа вечер добивме реприза на натпреварот кој се игра во Дортмунд, и тоа во мрежата на Џанлуиџи Донарума. Германија поведе против Италија со голот на Кимих од белата точка, но ...
Германија го постигна најбизарниот гол на вечерта во Лигата на нациите, а беше во издание на Џамал Мусиала по еден корнер. Донарума одбрани шут на Германците, па следеше корнер. И додека Џошуа Кимих се подготвуваше да го изведе корнерот, Донарума го напушти голот, а италијанската одбрана разговараше меѓу себе. Го оставија пред голот осамен Џамал Мусиала, Кимих го проигра и тој даде гол за висока предност на „панцирите“. Италијанците на клупата ...