Европското екипно првенство во шах започнува денеска но Македонија – поразително – нема свои претставници. Ниту машка, ниту женска репрезентација ќе настапи на овој значаен настан, што претставува еден од најголемите удари врз домашниот шах во последните години. Препорачано Ова отсуство не е резултат на моментална криза или административна грешка, туку, како што велат од шаховските кругови, плод на години неработа, негрижа и управувачка ...

Пред точно пет месеци, Европската шаховска унија објави дека Екипното европско првенство во шах ќе се игра во Батуми, Грузија, со почеток од 5 октомври. Во текот на овие пет месеци Шаховската федерација на Македонија егзистира само на хартија, бидејќи по нелегалното собрание во март, кое е поништено од од Министерството за спорт, не е закажано ново во рок од 30 дена како што се бараше. Ова доведе до одложување на некои турнири, како што е ...