Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го чека бурно лето. Играчот во Вараждин ја имаше најдобрата сезона во кариерата и веројатно ќе има нов клуб. Се споменуваше Динамо Загреб, а странската опција е Словенија. Најголемото откритие на пролетниот дел од сезоната во тимот на Вараждин, македонскиот крилен напаѓач Димитар Митровски, наводно е еден од приоритетните трансфер цели на новиот спортски директор на Олимпија Љубљана, Горан Боромиша. ...

Последната сезона во хрватското фудбалско првенство му донесе посебно внимание на еден македонски фудбалер, кој со своите настапи го привлече вниманието на поголеми и побогати клубови. Димитар Митровски импресионираше со своите настапи и бројот на постигнати голови во дресот на Вараждин, а сега би можел да се пресели во Словенија, во трансфер кој ќе биде нов рекорд за прволигашките клубови во оваа земја. Амбициозната Олимпија била сериозно ...