Портпаролот на палестинската милитантна организација Хамас, Хазем Касем, денеска изјави дека групата ќе го прифати само планот на арапските земји за повоена реконструкција на Газа, што ќе добие поддршка од Палестинците во енклавата. -Нашиот став е јасен – сите планови за иднината на Газа… мора да се постигнат со национален консензус, а ние ќе го олесниме процесот, рече Касем за турската агенција Анадолија. Тој додаде дека, што се однесува до ...
Секој план за иднината на Газа мора да обезбеди кредибилни решенија за обнова, управување и безбедност, се наведува во реакцијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на Планот за закрепнување и обнова на Газа предложен од Лигата на арапски држави. – Напорите за закрепнување и обнова мора да се засноваат на цврста политичка и безбедносна рамка прифатлива и за Израелците и за Палестинците, која ...