„Идејата е дека кога постојат силни медицински индикации, не естетски, кога тежината не може на ниеден друг начин да се контролира, да се пристапи кон овој начин на интервенција. Тука треба да признаеме дека веќе дебелината не ја гледаме како естетски проблем, туку како здравствен проблем, односно како вложување во здравјето на единките, бидејќи на пример, дијабетот не може да биде апсолвиран без регулирање на тежината“, вели директорот на ФЗО ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со низа предлози поради податоците кои укажуваат дека зголемената потрошувачка на преработена храна, агресивното рекламирање и ниската физичка активност придонесуваат кон растечката криза. Дебелината станува сè поголем проблем кај населението, а експертите предупредуваат дека досегашните напори не се доволни. Потребни се порадикални мерки, вклучувајќи воведување на даноци за засладени пијалаци, забрана за ...