Здружението „Штрих“ , составено од млади театарски уметници од Скопје , го организира фестивалот „ Under 600“ , посветен на независните театри од Западен Балкан. Фестивалот ќе се одржи од 25 до 28 септември во Скопје, под мотото „И покрај сѐ“, а ќе бидат прикажани 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската независна продукција. В четврток ( 25 септември), програмата почнува со претставата „Снег“ во 19 часот, во Денсинг салата ...

„Штрих“ ја објавува програмата на „Андр 600“ – првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан, кој ќе се одржи од 25 до 28 септември 2025 година во Скопје, под мотото „И покрај сѐ“, а е поддржан од Британскиот совет. Фестивалот е со фокус на млади уметници: Специјална програма што вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање две претстави, со цел поддршка на следните генерации театарски ...