Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани, а ќе се санкционираат и поткопувачите на Охридскиот и Преспанскиот Договор. Во последните денови од мандатот, американскиот претседател Џо Бајден донесе извршна наредба и ги прошири категориите на лица за санкции од САД. Санкциите сега ќе ги опфатат и сопружниците и возрасните деца на санкционираните, потоа лидерите или членовите - владини ...

На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција. Меѓу новитетите донесени со уредбата се дека санкциите ...