Српските студенти вчера ја завршија двонеделната блокада на двете згради на Радио Телевизија Србија (РТС), откако парламентарната комисија за култура и информации претходно усвои одлука за распишување нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ). Блокадата започна на 14 април со барања за непристрасно известување од јавниот сервис за студентското движење, социјалната и политичката криза во земјата и за ...

Масовни протести се одржуваат денес во Нови Сад и Белград по повод шестмесечната годишнина од трагедијата во која загинаа 16 лица кога се урна настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Собирот во Нови Сад започна во 11.52 часот, точно во времето кога се случи трагедијата, а студентите и граѓаните им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење. По комеморацијата пред Железничката станица, толпата тргна на протестна прошетка кон ...