Добивај вести на Viber По повод празникот, компанијата ќе донира 40.000 евра за дигитализација на рендген машината во Здравствениот дом во Радовиш Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите. Во своето обраќање, ...

Радовиш, 29 август 2025 (МИА) - Во чест на Денот на рударите, Рудникот „Бучим“ ќе донира 40.000 евра на Здравствениот дом во Радовиш за целосна дигитализација на рендген машината, соопштија утрово од компанијата. Како што се наведува во сопштението, со оваа донација ќе се овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница. ...