Вирално ново видео со стара содржина од конфликтот 2001 повторно станува актуелно на социјалните мрежи а кое го пласираат функционери на ДУИ на кое се гледа и првиот интегративец Ахмети облечен во УЧК униформа како врховен командант на ОНА и порачува дека до сега не изгубил ниту една војна. Што треба да значи видеото и дали ДУИ се заканува преку воени видеа тв 24 ги праша во Мала Речица. Отаму тврдат дека видеото било спонтано. - Овие видеа ги ...
Видео со кадри од конфликтната 2001 година во кој главен лик е Али Ахмети се споделува од членови, функционери и од партиски групи на ДУИ. На снимките, Ахмети е во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна. Темата етнички тензии, ДУИ ја користи веќе неколку месеци особено откако беше укинат балнсерот и поради предметот во Уставен суд во врска со Законот за јазици. Од владеачката колација, и од ВМРО-ДПМНЕ и од ВЛЕН ...