Премиерата на првиот македонски филм, режиран од македонски режисер, се случила на денешен ден пред 64 години. На 18 мај 1961 година во скопското кино Култура била премиерната проекција на филмот Мирно лето од македонскиот режисер Димитрие Османли. Автор на сценариото за филмот е Фрида Филиповиќ, а улогите ги толкуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова. Филмот кој трае 99 ...
1800.- Умрел рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најистакнатите војсководци во 18. век, под чија команда руските трупи извојувале 57 победи. Во Советскиот Сојуз во 1942 година бил воведен орденот Суворов за високи војнички вештини. Препорачано 1803.- Велика Британија и објавила војна на Франција затоа што Наполеон Бонапарта ја продолжил воената кампања во Италија и во Швајцарија. 1804.- Наполеон Бонапарта се прогласил за ...