Вработени во ЈКП „Тетово“ се жалат дека три месеци не земале плати, а над една година не им се платени придонесите. Поради оваа причина тие денеска не работеа. Тие потсетуваат на ветувањето на градоначалникот Билал Касами дека исплатите ќе се вршат во текот на јануари и февруари, но од тоа нема ништо, дури ни здравствено осигурување. „Немаме здравствено осигурување скоро 14 месеци, значи од декември 2023 до декември 2024 година, платено е само ...

Тетово, 19 март 2025 (МИА) – Дваесетина работници од работната единица Паркови и зеленило при Јавното комунално претпријатие „Тетово“ денес останаа во кругот на нивните простории и не излегоа на терен да работат во знак на револт што не им се исплатени три плати и придонеси за вкупно 14 месеци. Според овие работници вкупно 190 вработени во ЈКП „Тетово“ се соочуваат со истата ситуација, а освен нив се и одделенијата за православни гробишта, ...