Со разни испитувања е докажано дека удобноста и работниот ефект на луѓето зависат од комфорните услови на средината во кои тие престојуваат и работат, односно од состојбата на воздухот. Климатизација е обработка на воздухот со помош на техничка опрема со цел постигнување на сакана состојба на воздухот. Таа се карактеризира со следниве параметри: температура, влажност, свеж воздух, чистота, брзина и др. Климатизација се применува и за ...
„Многу е важна одлуката за тоа каков систем за климатизација да се одбере. Тоа треба да се направи уште во фаза на проектирање на објектот, а не по завршување на неговата изградба. Исто така, треба истовремено да се разгледува и системот за греење. Ова е особено важно бидејќи денес сите клима-уреди и ладилни машини може да служат и за ладење и за греење (режим на топлинска пумпа). Изборот на опремата треба да се прави според направени пресметки ...