Светислав Пешиќ многу веројатно ќе си замине од селекторската позиција на Србија по дебаклот на Евробаскетот и елиминацијата во осминафиналето. Популарниот „Кари“ во доверлив круг признал дека „ја изгубил екипата“ и дека додека капитенот Богдан Богдановиќ бил присутен, тој ги решавал проблемите во составот. По неговото заминување, работите целосно се распаднале, што кулминирало со поразот од Финска. Во разговор пренесен од „Спорт Клуб“, Пешиќ ...

Србија доживеа шокантен пораз од Финска и испадна уште во осминафиналето на Европскоото првенство иако важеше за главен фаворит за златниот медал. Пешиќ во текот на подготовките и првенството ја немал контролата над соблекувалната, кога ќе се појавел проблем, тој го решавал капитенот Богдан Богдановиќ, но неговата повреда ги влоши работите. Разговорот на Пешиќ со своите пријатели го открива „Спорт Клуб“. „Губењето на Богдановиќ беше голем удар. ...