Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а околу 200 се повредени, продолжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира за ...
Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3:0 на гостувањето во Лихтенштајн, ги започна мундијалските квалификации. Александар Трајковски и Висар Муслиу и донесоа на Македонија резултат од 2:0 по 45 минути, а третиот гол го постигна Бојан Миовски во 84 минута. Македонските навивачи кои присуствуваат на фудбалскиот натпревар Лихтенштајн – Македонија во 59 минута им оддадоа почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Македонија ...
„Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката ...