Пензионерите, оние кои ќе излезат на изборите, се групата која може да одреди многу нешта во исходот на гласањето. Двете главни македонски партии го подигнуваат влогот за да ги привлечат тие гласови. Носителот на изборната листа на СДСМ во Четворката, Венко Филипче, ветува дека владата што ќе ја предводи неговата партија ќе оддели од 3.000 до 6.000 денари регрес за пензионерите во зимските месеци. И дека највисоката поддршка ќе биде за ...

Во следниот мандат СДСМ ќе работи во насока на обезбедување на пакети наменети за пензионерите, односно зголемување на пензиите и дополнителни социјални мерки што ќе значат достоинствен живот за оваа категорија на граѓани, истакна д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина на средбата со пензионерите во Струмица. – Планираме воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами ...

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата денеска оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица. Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во ...