Топлотниот бран, поради кој е на сила црвена временска тревога во поголемиот дел од земјата, продолжува да „пржи“ во Србија. Во текот на попладнето, на еден од мерачите во строгиот центар на Чачак беа измерени неверојатни 46 степени, јавуваат српските медиуми. Како што може да се види на фотографијата, која ја сподели Рина на својот Инстаграм профил, овој град наликува на „град на духови“, бидејќи на улиците нема жива душа поради екстремната ...

Со температури што во одредени делови на земјата достигнуваат и над 40 степени Целзиусови, денеска кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето, а Министерството за труд воведе мерки за заштита на работниците, јави дописничката на МИА од Атина. За работа на отворено задолжителен е прекин со работата во периодот меѓу 12 и 17 часот, а се однесува на работниците на технички и градежни проекти, на градилишта, бродоградилишта, како и на ...