Авионот на Азербејџан Ерлајнс со 67 патници се урна во близина на казахстанскиот град Актаау, соопштиле локалните власти, пренесува BBC. Авионот Embraer 190, лет J2-8243 на пат од Баку до Грозни, принудно слетал три километри од градот Актаау, пренесува Азернјуз. Прелиминарните извештаи сугерираат дека несреќата била предизвикана од судар на леталото со јато птици. Според првичните тврдења, во авионот имало 67 патници и 5 членови на екипажот. ...
Има преживеани во авионската несреќа која се случи утрово, кога патнички авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Русија, се урна во близина на градот Актау, западен Казахстан. Во авионот имало 67 патници. Има спротивставени извештаи за бројот на преживеани, но здравствените власти на Казахстан информираа дека 14 лица биле примени во болница. „Во моментот, 14 преживеани се пренесени во регионалната болница, од кои пет се во ...