САД денеска го назначија искусниот дипломат од кариера Стиф Фејган за цивилен раководител на телото задолжено за надгледување на прекинот на огнот во Појасот Газа, што треба да го олесни постигнувањето на траен крај на конфликтот. Стејт департментот објави дека дипломатот Стив Фејган му се придружува на генералот Патрик Френк, воениот раководител на тоа тело кој веќе од 10 октомври работи на спроведувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и ...
Двајцата ќе раководат со војно-цивилниот координациски центар, формиран оваа недела во Киријат Гат, на југозападот на Израел. Овој центар, кој е под американска надлежност, има задача да го надгледува спроведувањето на примирјето што стапи во сила на 10 октомври меѓу Израел и движењето Хамас, како и да ги документира сите негови прекршувања. Дополнително, центарот ќе го следи пристигнувањето и распределбата на хуманитарната помош за цивилното ...

