Анкара, 12 мај 2025 (МИА) – Портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Омер Челик денеска изјави дека распуштањето на терористичката група Курдска работничка партија (ПКК) е клучно за ослободување на Турција од тероризмот. Претходно, ПКК објави официјално соопштение дека на 12. Конгрес на ПКК одржан од 5 до 7 мај донесена е одлука за самораспуштање на партијата. - Ако одлуката за распуштање на ПКК биде спроведена во ...
Курдистанската работничка партија (ПКК), која водеше вооружена борба за создавање независна курдска држава, ја објави својата одлука за распуштање по 47 години конфликти со Турција и најмалку 40.000 жртви на двете страни. Одлуката беше донесена на 12-от конгрес на партијата, одржан во почетокот на мај. Според соопштението на новинската агенција „Фират“, блиска до ПКК, делегатите на конгресот ја оцениле борбата на ПКК како успешна, со заклучок ...