Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за состојбата на Ламин Јамал кој вчера против Елче даде гол, негов прв од август наваму, а уште не е целосно фит од повредата на препоните. „Неговата повреда треба да се третира. Не можам да кажам дека повредата е целосно исчезната, таа доаѓа и си оди. Мора да научиш да се справуваш со неа“, рече Флик. Иако играчот на Барселона ја подобри својата игра, сè уште не ја вратил својата најдобра форма ...
Ламин Јамал се најде на удар од спортската јавност за своите најави за „Ел Класико“ и се претвори во главна мета на играчите на Реал Мадрид по поразот на „Сантијаго Бернабеу“, ситуација која направи изминатите седум дена да бидат доста непријатна за младата ѕвезда. Поради големиот притисок, Барселона му откажа едно интеврју кое требаше да го направи во текот на минатата недела, но кога дојде моментот на вистината, Јамал одговори со брз гол во ...

