Кошаркарите на Партизан остварија и втора победа во серијата против Спартак (79:93) и стигнаа до титулата во српското национално првенство. Евролигашот не дозволи ривалот од Суботица да се избори за мајсторка и на гостински терен ја потврди доминацијата во финалната серија, со што конечно го прекина постот во домашниот шампионат. За Партизан ова е прва српска титула по пауза од 11 години, што беше и најдолг пост за „црно-белите“ уште од првата ...
Кошаркарите на Партизан ја освоија титулата во српското првенство откако на вториот натпревар од финалето на Суперлигата во Суботица го совладаа Спартак со 93:79. Со тоа ја добија финалната серија со 2:0 во победи. „Црно-белите“ беа предводени до победата од Двејн Вашингтон со 41 поен, а следуваа Аријан Лакиќ и Ајзеа Мајк со по 15 и Алексеј Покушевски со 11 поени. Најефикасни играчи кај Спартак беа Лука Церовина со 22 и Душан Милетиќ со 21 кош. ...