Кошаркарите на Партизан тонат се подлабоко во Евролигата, откако го претрпеа и деветиот пораз во 13-тиот натпревар сезоната. Белградските „црно-бели“ беа поразени на гостувањето во Атина кај Панатинаикос со 91-69. Тренерот Жељко Обрадовиќ ќе има што да им каже на своите избраници, особено за играта во третиот период кога постигнаа мизерни шест поени, наспроти 25-те на домашната екипа. Иако добро почна Партизан, сепак, на полувремето замина со ...
Партизан успеваше да му парира во воведната четвртина на Панатинаикос во Атина и се доби впечаток дека ќе гледаме возбудлив натпревар, но шампионот во Европлигата од 2024-та година покажа класа во преостанатиот дел од мечот и на крајот рутински стигна до победа. ПАО им дозволи на играчите на Партизан да постигнат само 13 и 6 поени во втората и третата четврина, па во тој момент стана јасно дека победата останува во Грција, и тоа со убедлив ...

