Барселона, 27 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека Каталонците се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, објавија шпанските медиуми во петокот. Управата на баскискиот клуб ги информираше Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) за потребата од ревизија на сите финансиски трансакции на Барса. -Секој нека прави што мисли дека е исправно. Ние си ја работиме нашата ...
Барселона и Нико Вилијамс се решени да ги здружат силите. Всушност, крилниот напаѓач го информираше баскискиот клуб, преку својот агент, пред четири дена за својата желба да им се придружи на Каталонците. Барса, од своја страна, пред една недела почна да прави пресметки за да се справи со плаќањето на откупната клаузула на играчот, која изнесува 58 милиони евра. Намерата на раководството, предводено од Жоан Лапорта, е да го финализира договорот ...