Двајца полициски службеници се соочуваат со дисциплинска постапка откако лажно се претставиле како полициски лица и тврделе дека луксузно возило „порше каен“, непрописно паркирано на велосипедска патека, е службено, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 22 март годинава, кога полициски службеник од ОБПС Скопје постапувал по пријава за непрописно паркирано возило на улицата Орце Николов во Скопје. При пристигнување ...

Луксузното возило Порше, кое на 22 март на велосипедска патека во Дебар Маало го паркирал поранешниот амбасадор Срѓан Керим, додека се среќавал со сопругот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, од страна на двајца полицајци било посочено како службено. Тоа првично ја стопирало активноста на комуналците, кои со возило „пајак“ дошле да го отстранат. Се работи за случајот прикажан на видеото што вчера предизвика јавни реакции на ...