Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на локалните избори од кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, изјави дека граѓаните веќе ја препознаваат разликата меѓу чесни и професионални луѓе и оние што се грижат само за лични интереси. „Граѓаните веќе еднаш беа излажани, но сега тоа нема да го дозволат. Мартин е еден од фаворитите за победа во Куманово, тоа ни го потврдуваат и ...
Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси, а Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, се вели во реакцијата на ЗНАМ. „Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – ...