Според нивните зборови, од Киев се бара да прифати загуба на територии и други сериозни отстапки, без притоа да добие цврсти безбедносни гаранции. Украинската страна смета дека актуелниот американски предлог во клучните делови ѝ оди во прилог на Москва и дека Вашингтон врши далеку поголем притисок врз Зеленски отколку врз рускиот претседател Владимир Путин. Американски функционер го негирал тоа, тврдејќи дека САД подеднакво го притискале и Путин ...
Американскиот претседател Доналд Трамп зазеде цврст став кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и кон европските лидери. Тој во интервју за „Политико“ повторно го притисна Зеленски да го прифати предлогот на САД, Украина да отстапи територија на Русија, тврдејќи дека Москва ја задржува „превласта“ во речиси четиригодишната инвазија. -Не е лесно со Русија бидејќи Русија има предност. И отсекогаш ја имала. Тие се многу поголеми. Тие ...

