Охрид, 20. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денот по Богојавление Водици се одбележува како Ден на рибарите или женски Водици. На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се „пает“, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите. Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден ...

Охриѓани ја продолжија старата традиција, со зимско капење во Охридското езеро и греана ракија го одбележаа Денот на рибарите. Токму на овој ден во минатото завршувала забраната за ловење на риба, и започнувала риболовната сезона. Охриѓани велат дека ова е празник за градот ден кој низ годините се прославуавал многу, со песна , ора и богати трпези, но се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана. Според кажувањата на старите жители на ...