Признанието „Златен објктив“ кое го доделува Кинотеката на Северна Македонија оваа година оди кај Столе Стојан Попов, режисер, сценарист, продуцент и автор. Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на нашиот голем доајен на филмската уметност – Столе Попов – ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката на Македонија. Исто така, по повод Денот на Кинотеката – на 29. април, сите кинотечни печатени и електронски ...

Дојде и периодот од годината кога Кинотеката го одбележува својот роденден, односно датумот кога во „Службен весник” е објавен Законот за формирање на Кинотеката – на 29 април, во далечната 1974 година. И, иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и започнува да собира архивски материјали, формирајќи ги ...