Луис Хамилтон пред почетокот на оваа сезона во Формула 1 шампионатот пристигна во Ферари со големи амбиции, но 40-годишниот возач сè уште нема ниту еден подиум. Резултатите се разочарувачки, а шпекулациите се погласни дека тој ќе си замине од Ферари. Во Маринело веќе размислуваат за неговата замена, а коментаторот на „Скај спорт“, Џони Херберт, тврди дека веќе е познато и кој ќе го замени. Се работи за Карлос Сајнс, кој веќе беше дел од Ферари, ...

Италијанските медиуми пренесоа сензационална вест дека челните лица на Ферари веќе се во активна потрага по замена за Британецот Луис Хамилтон, кој веројатно ќе го напушти тимот после само една сезона. Седумкратниот светски шампион деновиве изјави дека се чувствува бескорисно и очекувал да бележи далеку подобри резултати, а во Ферари очигледно се согласуваат со оваа констатација и веќе работат на доведување соодветна замена. Поранешниот Формула ...