Селекторот Благоја Милевски е задоволен што Македонија стартуваше со победа во квалификациите за СП 2026. Милевски напомена дека ова беше првиот дел од планот, а сега следува и фокус за дуелот против Велс кој ќе се игра на 25 март (вторник) во Скопје. „Честитки за моите играчи што смогнаа сили и покажаа карактер да го изнесат мечот на најдобар можен начин, посебно поради тоа што се случуваше во Кочани во претходните неколку денови. Бевме ...

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со победа ги започна квалификациите за Светското првенство и во Вадуц против Лихтенштајн славевме победа од 0:3. По натпреварот селекторот Благоја Милевски изрази задоволство од карактерот кој го покажеле фудбалерите во овие тешки моменти. Им честитам на фудбалерите, игравме во тешки околности, а тие собраа сили и покажаа карактер. На најдобар начин го изнесоа натпреварот. Очекувавме компактен и ...