Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, а сите кои се префрлени во странство на лекување се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега, сооошти вечерва Министерството за здравство, откако утринава во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Од МЗ информираат дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни ...

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки, ...