Италија ја совлада Шпанија и зачекори кон осминафиналето на Евробаскетот 2025. Вечерва во Лимасол, Италијанците со подобар финиш дојдоа до триумф над бранителот на титулата со 67:63 и ја ставија Шпанија под притисок за пласман во елиминациската фаза. Вечерва видовме вистинска кошаркарска борба во сите 40 минути и еден од најнеизвесните дуели на ова првенство. Салиу Нианг го заврши натпреварот со 10 поени, 10 скока и две блокади пред да го ...

Репрезентацијата на Франција ѝ го нанесе првиот пораз на Полска и славеше со 83-76 во драматичен меч во Катовице. За еден од домаќините на Евробаскетот ова беше прв пораз, откако претходно нанижа три победи по ред. Французите диктираа темпо во првата четвртина, но Полска направи пресврт во вториот период и на полувремето замина со водство од 44-41. Сепак, третата четвртина беше решавачка, ѝ припадна на Франција со 19-11, а беше и убедливо ...